Ќе бидете воодушевени од резултатот.
Неопходно е често чистење на бањата за да се заштити од бигор, мувла и други бактерии. Сепак, производите за бања често се со агресивен состав, како за кожата, така и за органите за дишење.
Затоа, се препорачува да се заменат со природни средства за чистење, кои ќе имаат подеднакво добар ефект.
Оваа домашна паста секако е добра замена со средствата од аптеките, а освен што е поздрава, треба да се напомене дека е и многу поекономична.
Сѐ што треба да направите е да измешате половина шолја сода бикарбона, четвртина шолја хидроген и една кафена лажичка детергент за миење садови.
Нанесете ја пастата секаде каде што има слој мувла или нечистотија, вклучително и санитаријата, како и плочките.
Оставете ја пастата да отстои најмалку 20 минути, потоа добро истријте со четка, а со топла вода отстранете ги остатоците од пастата.