Ослободете се од СТРЕСОТ за само пет минути со овие ЧЕТИРИ вежби

popara27 октомври, 20211min00
50f2e3b89589b6069bd391a12a6d6383b3cc6b9c

После напорниот ден, се што сакаме е да се ослободиме од насобраниот стрес и да го поминеме остатокот од денот опуштено

Масажата се користи со векови и се смета за најефикасно средство за зачувување на здравјето и ослободување од стресот. Затоа во последните десет години бележиме зголемување на популарноста на масажата.

За жал, луѓето на кои им е потребна масажа, особено оние кои водат активен животен стил, презаситени со стресни ситуации, обично не можат да најдат слободно време за посета на салон за масажа.

Затоа, еве една петминутна масажа која се прави во секое време, на секое место, дома, на работа, на патување. Едноставно е и за минимално време го добиваме максималниот позитивен ефект. Со масирање на прстите ќе ги опуштиме затегнатите мускули, ќе можеме да работиме и да бидеме посреќни.

Вежба 1

Фатете го малиот прст со палецот и показалецот, лесно протресете го за да ја намалите мускулната напнатост. Потоа, додека ви е удобно, свртете го малиот прст во насока на стрелките на часовникот. По 10 секунди, сменете ја насоката. После тоа, направете ја оваа вежба на ист начин со другите прсти на рацете.

 Вежба 2

Со притискање на коренот на секој прст, можете да предизвикате зголемување на виталноста. На крајот од палецот има рефлексна зона поврзана со белите дробови, а делувајќи на неа помагате да се ослободат дишните патишта и носните шуплини.

Вежба 3

Стиснете ја раката во тупаница, но да остане празен простор внатре и ставете го палецот од другата рака внатре. Соберете ја тупаницата, цврсто фаќајќи го палецот и лесно влечејќи го, како да се обидувате да го истегнете. Потоа направете го истото со другите прсти.

Вежба 4

Конечно протресете ги дланките. Во нив треба да почувствувате топлина и релаксација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma