Откако документарецот за нејзиниот живот крена прашина, Бритни ги изненади обожавателите: ‘Дали некогаш повторно ќе излезам на сцената? Немам поим…’

popara19 јуни, 20211min0
Screenshot 2021-06-19 214154

Бритни Спирс се јави по долга пауза и рече дека не е сигурна дали некогаш повторно ќе излезе на сцената.

– Дали сум подготвена повторно да стапам на сцената? Дали некогаш повторно ќе излезам на сцената? Немам поим. Сега се забавувам, во животна транзиција сум и уживам во тоа“, рече таа.

image

Поранешниот идол на милиони тинејџери нема настапувано во јавноста од октомври 2018 година кога обожавателите можеа да ја видат на Гран при на Формула 1 во Остин, Тексас, на крајот од нејзината светска турнеја “Piece of Me”.

Оваа недела, таа одговори на прашањата на нејзините обожаватели на социјалните мрежи и рече, меѓу другото, дека нејзиното омилено службено патување било во Италија, каде што престојувала кај дизајнерката Донатела Версаче, и одговори на прашањето кој број чевли носи: број 7 (тоа е 37,5 по европски броеви).

image

Бритни ги контактираше своите обожаватели една недела пред нејзиното обраќање пред судот во Лос Анџелес, што ќе се одржи на 23 јуни. Тој ден, на пејачката ќе и биде дозволено да каже зошто побарала од судот да го отстрани нејзиниот татко Џејми Спирс од местото старател. Старателството неодамна повторно крена прашина откако беше објавен документарецот на Њујорк Тајмс, наречен “Framing Britney Spears”.

Бритни е фрустрирана што во изминатите 13 години мораше да живее под старателство на нејзиниот татко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma