Реалити sвездата и претприемач Кортни Кардашијан продолжува да ја интригира јавноста со својот необичен моден избор и однесување откако се забавува со контроверзниот рокер Тревис Бејкер.
Папараците често ја фотографираат во креации што одговараат на бунтовни тинејџерки, а модните критичари се многу разочарани од нејзиниот изглед во петтата деценија од нејзиниот живот, но овие трансформации се под влијание на нејзиниот избраник.
Синоќа Кортни и Тревис отидоа на романтична вечера во познатиот ресторан во Њујорк „Zero Bond“, а светската sвезда избра целосно црн стајлинг кој се состоеше од памучен топ, црно здолниште со чипка, длабоки, кожени чизми и многу популарна црна маица која ги открива градите.
Тревис, сепак, беше посуптилно облечен, иако неговата професија ќе овозможи поинтригантни комбинации на облека.
Да потсетиме, Кардашијан со години беше во брак со Скот Дисик, со кого имаше три деца, Пенелопе (8), Мејсон (11) и Рајн (6), а нивниот семеен живот беше постојано во очите на јавноста.