Едноставната и толку вкусна торта со банана е омилена во скоро целиот свет, а Меган Маркл знае како да ја подготви, и токму со овој десерт, тврдат членовите на кралското семејство, таа го освои својот сопруг, принцот Хари. Откако го подготви пред неколку години во Нов Јужен Велс за време на една турнеја, сите сакаат да го знаат нејзиниот рецепт. Како што обично се случува кога станува збор за членовите на ова кралско семејство, побарувачката за оваа торта нагло се зголеми откако Меган ја подготви според нејзиниот рецепт.
„Кога за прв пат ќе влезете во нечија куќа, традиција е да им донесете подарок на домаќините. Таа ни го кажа тоа. Беше многу вкусно. Беше исплашена затоа што мислеше дека ставила премногу банани, на што Хари одговори дека никогаш не може да претера со нив“, рече една девојка која ја проба славната торта.
Војвотката не го откри рецептот, но оние што го пробаа велат дека тортата, посипана со големи зрна чоколадо, содржела и ѓумбир и дека тоа е посебна карактеристика на нејзината торта. За среќа, поранешен слуга на кралското семејство им го откри наводниот рецепт на британските медиуми.
2 презреани банани
1 зрела банана
2 лажици јаворов сируп
2 лажички екстракт од ванила
2 лажици путер
2 јајца
1 чаша бадемово брашно
1/4 чаша кокосово брашно
малку рендан ѓумбир