Моделот и актерка привлече големо внимание бидејќи неодоливо потсетува на легендарната Софија Лорен
Мадалина Генеу, италијанска манекенка и актерка со романско потекло, вчера беше фатена на една од најпознатите плажи, на местото каде што се одмараат sвездите на светскиот џет сет, во Портофино.
Убавицата беше во друштво на нејзиното ново момче Андреа Кастањола и ќерката Шарлот. Таа уживаше во игрите со ќеркичката и правењето на песочен замок, а на морските радости им се придружи и Кастањола со кој актерката се уште ја нема потврдено врската, но веќе некое време се шпекулира дака се заедно.
Да се потсетиме, Мадалина ја поврзуваа со Џерард Батлер, Леонард Ди Каприо, Вит Шнабел и уште голем број славни успешни заводници.