ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗОШТО СЕ ПРЕВРТУВАТЕ И БУДИТЕ ЦЕЛА НОЌ: Истражувањата откриваат зошто НИКАКО не можеме да заспиеме

popara19 јуни, 20211min0
spavanje

Причината за несоница е неочекувана!

Знаеме дека кафето, другите пијалоци со кофеин или стресот пред спиење немаат корисен ефект врз нашата способност да заспиеме. Но, дали знаевте дека музиката, која многумина ја слушате за да се опуштите, ќе ве разбуди? Еве зошто е тоа така, ќе бидете изненадени!

Истражувањето спроведено на универзитетот Бејлор докажа дека песните што „ни се вовлекуваат“ во уши се пречка на патот кон добриот сон. Студијата, објавена во списанието „Психолошка наука“, се фокусираше на песни што не можеме да ги извадиме од главата, колку и да се трудиме. Мислите дека таа песна ќе „ви излезе“ од мозокот кога ќе заспиете, но грешите!

„Нашиот мозок продолжува да ја обработува музиката, дури и кога повеќе не ја слуша. Колку повеќе ја слушате пред спиење, толку поголеми се шансите да ја слушнете песната што не може да „ви излезе“ од главата и да имате проблеми со заспивањето”, рече д-р Мајкл Скали, автор на студијата.

Учесниците, 50 од нив, пред спиење слушаа три странски песни, кои беа прогласени за „неподносливи“ откако еднаш ќе ги слушнеме.

“Потоа ги анализиравме нивниот квалитет на спиење, дишењето, отчукувањата на срцето и другите биомаркери. Оние кои известија дека песната “влегла” во ушите имаа шест пати поголема веројатност да спијат лошо”, рече тој.

„Тие заспаа потешко, останаа подолго во таканаречените лесни фази на спиењето и почесто се будеа во текот на ноќта“, додаде д-р Скали.

Значи, ако сакате добро да спиете, воопшто не слушајте музика или барем одберете песни за кои знаете дека ќе ве опуштат, а не дека потоа ќе ги „пеете“ цела ноќ гледајќи во таванот и обидувајќи се да заспиете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma