„Ова мора да го видите“: Вака изгледаше Лила Филиповска во нејзините први водителски обиди (видео)

popara14 април, 20212min0
lila

Лила Филиповска е една од најпознатите македонски ТВ лица, а  секој  ден може да ја гледате во најгледаното квиз шоу „Се или нешто“:

Нејзините почетоци во работата како „самостоен обезбедувач на сопствената егзистенција“ се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги прави првите водителски чекори. Но, дури откако ќе помине на ТВ Сител каде е и ден денес „незамнелива“ во нивниот забавен сегмент, станува она што е – препознатливо и популарно ТВ лице.

Нејзината популарност ескалираше токму со квиз. „Енигма“ нејзиниот прв и омилен квиз.

Лила денес важи за една од најпопуларните и најомилените водителки кај нас. Таа е активна на социјалните мрежи каде што редовно објавува фотографии од снимања, рекламира одредени производи, покажува како си поминува на патувања или го снима својот мачор Рагнер.

Меѓутоа, овој пат пејачката се потсети на своите почетоци и први обиди во водителството. Имено, во кусите приказни на Инстаграм таа објави снимка од 1995 година кога била водителка во 1995 година.

„Ова снимка првпат ја гледам во животот и искрено не се сеќавам многу, но знам дека тоа се моите први водителски води во Македонската телевизија 1995. Боже каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“, напиша Лила.

Како изгледаше тогаш водителката погледнете во видоеото подолу.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma