Подобро сега да ја прекинете агонијата.
Ако немате љубов, поддршка од вашиот партнер, чувство на припадност или грижа, имате чувство на инфериорност, ова се јасни знаци дека таквата врска не е добра за вас, нема да ја поправите со тоа што ќе останете во неа, и мора веднаш да ја прекинете агонијата.
Постојат работи кои жената не треба да му ги простува на мажот.
Несигурност
Мудра и силна жена е онаа која знае да застане за себе и храбро да се соочи со сите убавини и предизвици што ги носи животот. Сепак, во љубовта, таа е романтична и нежна, сака прегратка и чувство на сигурност. Слаба личност која не е во состојба да се соочи со себе си и својот живот, никогаш не може да биде ова мирно и романтично прибежиште. На ментално силна жена и треба ментално силен маж кој ќе ги надмине животните бури заедно со неа, но и да биде таму кога сè што и треба е прегратка, без зборови, без прашања.
Незрелост
Прекрасно е кога останувате среќно дете во вашето срце, но ако мажот често има незрели карактеристики на размислување, емоционални реакции и обрасци на однесување, тогаш тоа почнува да претставува товар на мудрата жена. Потребна ѝ е личност која постојано се стреми кон духовен и интелектуален развој и која знае како да преземе одговорност за нејзините одлуки.
Недостаток на поддршка
Во партнерствата, меѓусебната поддршка е исклучително важна. Љубовта е тука за да ни даде ветер во грб и да нè мотивира да го постигнеме она што го сакаме и да станеме најдобрата верзија на самите себе. Ако вашиот партнер е рамнодушен кон вашите одлуки, намери и предизвици или е склон да ве саботира наместо да ве охрабрува, тогаш размислете дали има место до вас.
Лошо однесување
Почитувањето е потребно во секоја врска – тоа е предуслов за вистинска љубов. Недостаток на почит е знак на тревога што кажува – ова не е вистинската личност за вас. Не плашете се од осаменоста, но бидете свесни дека заслужувате максимална љубов и почит.
Некомуникација
Квалитетната комуникација е неопходна за квалитетна љубовна врска. Ако вашиот партнер не сака да ве слуша, или ги игнорира вашите чувства и „ги турка проблемите под тепих“, ова е знак дека вашата врска не оди во вистинската насока. Запомнете, љубовта е цвет на кој му треба постојано негување и напојување, но бара заемно внимание.