Додека жените се оптеретени со ситници за време на водењето љубов, мажите се грижат само за една работа, тоа е да уживаат во сексот.
Ако сè уште не сте сфатиле што всушност сакаат мажите во сексот, прочитајте ги следниве четири работи:
Оргазам
Кога воопшто помислуваат на секс, мажите помислуваат на оргазам. Тоа е нивната главна цел, затоа ни случајно не го прекинувајте ако не ја достигнал кулминацијата или предолго одложувајте.
Комплименти
Мажите сакаат комплименти на сметка на вештините во кревет. За нив е важно да уживате и да можат да ве задоволат. Затоа, не штедете пофалби затоа што сигурно ќе му биде драго да чуе дека сте задоволни од неговиот перформанс.
Запалено светло
Мажите уживаат да ве гледаат за време на сексуален однос и сигурно нема да ги забележат вашите мали маани од кои толку многу се плашите.
Одмор по сексот
Иако е големо задоволство, сексот е макотрпна работа и за мажите. Затоа, не лутете се дека после односот не може да издржи долго без да заспие.