Ова се најлошите денови за започнување диета

20 април, 2021
bill-oxford-aIlAhLdwk2g-unsplash-1024x737

Кога сакате да започнете диета, прво треба ментално да се подготвите за предизвикот, но науката сугерира дека во одредено време навистина не треба да започнувате диета бидејќи би можеле брзо да се откажете од неа. Ова се најлошите денови за започнување диета.

Викенд

Ако планирате да започнете да се храните здраво во сабота и недела, размислете уште еднаш затоа што можеби не е многу добра идеја. Ова е затоа што имаме многу слободно време за време на викендите, а придржувањето кон планот за диета кога одмараме може да биде предизвик.

Покрај тоа, повеќето од нас се дружат со пријателите и семејството за време на викендите и тешко можат да се спротивстават на искушението да го јадат омилениот оброк. Најдобро е да започнете започнете диета во работните денови, особено во понеделник.

По одморот

Многу луѓе на одмор јадат што сакаат, мислејќи дека после тоа ќе одат на диета и ќе започнат да вежбаат. Но, експертите сметаат дека диетата по одмор може да биде лоша опција и дека тоа всушност е рецепт за неуспех.

Според студија од 2002 година, планирањето на диета во иднина може да има психолошко влијание, а на одмор обично ќе јадете повеќе од вообичаено. Повеќето луѓе размислуваат да започнат диета по враќањето дома, па затоа се прејадуваат на одмор и за време на празниците.

Пред важна задача, настан или проект на работа

Стресот и диетата не одат рака под рака. Кога сме под стрес, копнееме по нездрави јаглехидрати и често јадеме повеќе. Ако се приближувате до одреден рок на работа, не оптеретувајте се со нови предизвици, а тоа важи и за започнување диета.

Во тој момент големи се шансите брзо да се откажете од диетата. Препорачливо е прво да ја завршите работата, а кога работите ќе се вратат во нормала, ќе бидете порелаксирани и тогаш можете да започнете со планирање на распоредот за диета.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris