Популарната актерка Камерон Дијаз (48) го шокираше светот пред неколку години, кога рече дека се повлекува од светот на актерството и го напушта Холивуд. Иако беше на врвот на својата кариера, таа размислувала долго време и донела одлука што го промени нејзиниот живот
Гостувајќи во ток-шоуто на колегата актер Кевин Харт, Камерон призна дека се одлучила на тој потег бидејќи поради глумата и филмовите што ги снимала, едноставно немала сопствен живот.
Како што рече таа, кога правите нешто долго време и се давате целосно, вие „потпишувате“ дека другите луѓе се грижат за вас и за вашиот живот. Таа призна дека никогаш не се ни грижела за многу работи.
„Не можам да кажам дека не е забавно, бидејќи сакам да глумам“, рече Камерон Дијаз, додавајќи дека дури сега се чувствува исполнето:
“Едноставно сакав да го земам животот во свои раце. Сакав да ја имам мојата дневна рутина и каде што ќе направам се сама”.
Таа, исто така, призна дека тогаш конечно имала повеќе време за себе, па го запознала својот иден сопруг Бенџи Маден и започнала семејство со него, кое станало совршено кога се родила нивната ќерка Радикс во декември 2019 година.
“Сега сум таму каде што сакав да бидам и ова ме исполнува повеќе од се што сум направила во мојот живот. Да се има семејство, да се биде во брак и да се има ова мало чудо, што е неопходно за едно семејство, е најдоброто нешто во свет. Веќе го немам тоа што треба да го дадам за да успее еден филм, целата моја енергија е тука“, заклучи поранешната актерка.