Оваа маска е СПАС за кршлива коса

popara18 јули, 20211min0
Screenshot_5

Обновете ја косата од коренот со органски намирници.

Долгата и негувана коса е сон на секоја дама, но честото третирање, фарбање, фенирање може да доведе до дехидрирани врвови и испукани блакна, кои воопшто не се женствени. Ние ви претставуваме сјајна маска која ќе даде заштитен слој и ќе овозможи косата побрзо да расте.

Состојки:

  • свеж сок од магдонос – натопете свежи лисја во врела вода
  • 5 лажици масло од авокадо – ладно цедено
  • мелен коријандер
  • половина банана
  • лажичка сода бикарбона
  • балсам

Во стаклена тегла со исцеден сок од магдонос додадете масло од авокадо, мелен коријандер, пире од банана, сода бикарбона и малку мелем, што обично го користите, и направете хомогена смеса.

Поделете ја косата на тенки влакна и четкајте ги од коренот од врвовите. Покријте ја косата со фолија или крпа и оставете ја 45 минути да апсорбира добро. Потоа исплакнете со шампон без силикон и без сулфат.

Повторете го третманот двапати месечно за најдобри резултати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma