Овен, Лав и Шкорпија очекуваат многу добра недела, но немаме многу добри вести за другите!

popara22 март, 20213min0
,a,a,

Во магичниот свет на астрономијата и астрологијата, новата година започнува во моментот на рамноденицата, кога сонцето ја преминува космичката пукнатина и се преселува во хороскопскиот знак на Овен. Значи: сега! Започнете радикално од нула и испратете замислени ракети на ноќното небо.

Oвен

За вас, новата година започнува веднаш со вашиот посебен ден. Се најдобро за вашето соларно враќање! Погледнете околу вас и набудувајте ја природата, бидејќи сè буквално доживува експлозија. Каде што имаше ледена кал пред само неколку недели, животот сега цвета во сите бои на виножитото – токму таа енергија, енергијата на апсолутниот пробив, ја носите длабоко во себе. На крајот на краиштата, постои причина зошто сте родени сега, а не во октомври.

via GIPHY

Бик

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание.

Близнаци

Ако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.

Рак

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она кое што го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања.

via GIPHY

Лав

Сонцето лав, вашиот вечен владетел на небото, речиси веднаш ви обезбедува зголемување на зрачената виталност. Ако веќе не сте го забележале ова, обрнете внимание, но всушност треба да се чувствувате неверојатно освежено уште од почетокот на неделата. Време е за акција: започнете сè што сте одложувале долго време, бидејќи лесно ќе ги извршите дури и најтешките и најсложените задачи.

Девица

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот.

Вага

Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

via GIPHY

Шкорпија

Како чувствително суштество треба да забележите космичка промена на времето најјасно од сите хороскопски знаци. Талкавме од многу емотивното време на рибата до огнениот овен. Овие денови можеби ќе се чувствувате малку збунето. И можеби е виновен убавиот колега кон кого почнуваат да се појавуваат нејасни чувства … Ако сте во добар однос со него, прифатете ја поканата за пијалок или вечера.

Стрелец

Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.

Јарец

Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор.

Водолија

Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Риби

Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma