Некои хороскопски парови едноставно не можат да имаат ништо повеќе од секс за една вечер затоа што освен што се компатибилни во креветот, немаат ништо друго заедничко, а еве кои знаци се во прашање
Лав и Овен
Овните сакаат да пробуваат нови работи, а страствените Лавови се отворени за сè, што ги прави совршен пар, но само во креветот. Надвор од него, двата лика се доста напорни и сакаат да ги контролираат своите партнери.
Водолија и Риби
Овие два знака се толку слични што поради тоа тие воопшто не функционираат во љубовна врска, но затоа сексот им е одличен, па најдобро решение за нив, доколку има меѓусебна привлечност, е да бидат пријатели со привилегии.
Рак и Бик
Кога овие два знака спијат заедно, тоа не е секс, туку најнежното водење љубов. Но, токму затоа што обајцата се крајно емотивни, љубовната врска помеѓу Ракот и Бикот обично завршува по првата кавга, односно обостраните солзи.
Стрелец и Риби
Ова е идеален пар за секс за една вечер и ништо повеќе. Стрелците се желни за авантури, излегувања и дружења, додека романтичните Риби во врската имаат некои други приоритети.
Шкорпија и Овен
Сексот помеѓу двата најексплозивни хороскопски знаци едноставно мора да биде одличен, а се повеќе од тоа ветува само катастрофа.