ОВИЕ ПЕТ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ И ДОКОЛКУ КОРИСТИТЕ КОНДОМ! Отворете четири очи!

popara12 јули, 20211min0
130691_man-and-woman-kneeling-on-bed-beside-window-1700765_f

Кондомите се 98 проценти ефикасни кога станува збор за заштита од сексуално преносливи болести.

Кондомот е мерка на заштита за која не треба да се зборува премногу: тоа е апсолутна потреба во 21от век! Покрај тоа што е контрацепција, односно спречува несакано зачнување, кондомот спречува ширење на заразни сексуално преносливи болести.

Ако го користите правилно, можете да бидете мирни кога станува збор за пренесување на хепатит Ц и Б, кламидија, ХИВ, гонореја

Сепак, постојат болести кои се шират преку кожата и кај кои кондомот не е од голема помош. Затоа, ако сте сексуално активни, бидете исклучително внимателни при изборот на партнер.

ХПВ

Оваа сексуално пренослива инфекција се пренесува преку – допир!

Хуманиот папилома вирус е една од најчестите сексуално преносливи болести и многу е веројатно дека во одреден момент ќе бидете изложени на овој вирус, што може да предизвика значителни здравствени проблеми како рак на матката. Користењето кондом го намалува ризикот од пренесување, но не е невозможно да се заразите кога носите кондом, бидејќи нема научни докази дека латексот спречува пренесување на одредени видови на вирусот. ХПВ може да предизвика генитални брадавици, но некои пациенти немаат надворешни симптоми и често се несвесни дека се заразени.

Molluscum contagiosum virus

Оваа болест се манифестира со промени на кожата во пределот на лицето, гениталиите и наборите, кои изгледаат како индивидуални или групирани полутопчести формации со мала вдлабнатина во средината. Оваа состојба обично е асимптоматска и најчесто се пренесува кај деца – со директен контакт со заразено лице или преку облека и средства за лична хигиена. Кај возрасните, сепак, се пренесува сексуално, а жените обично забележуваат промени во пределот на вулвата.

Генитален херпес

Ако вашиот партнер има херпес на кожата која не е покриена со кондом, вирусот херпес симплекс, кој предизвикува херпес на гениталиите, може да се прошири од тоа место. Лекарите препорачуваат луѓето кај кои е дијагностицирана оваа болест да се воздржат од сексуален контакт во фаза на промени, затоа што тогаш ризикот за ширење на болеста е најголем. Имајте на ум дека пренесувањето на инфекцијата е можно дури и кога нема видливи симптоми!

Сифилис

Исто како кај херпесот, кондомот нема да спречи ширење на сифилис, болест предизвикана од бактеријата Трепонема палидум. Обично се манифестира со чиреви (т.е. затворени лезии) и шанкри (мали чиреви), како и осип, мукокутани лезии, зголемени лимфни јазли и висока температура и губење на тежината. Бидејќи се пренесува со директен контакт со телесни течности, но исто така и со заразни течности од отворени или скриени влажни, лезии на кожата и мукозната мембрана може да се добијат дури и кога се користи кондом.

Срамни вошки

Иако веќе не се вообичаени како порано кога хигиената беше на пониско ниво, срамните вошки не исчезнаа – тие положуваат јајца во пределот на гениталиите и живеат во срамната област, така што кондомот не може да спречи нивно пренесување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag