Сега кога топлината е голема, спасот го наоѓаме во разладени простории, а има уште неколку начини да се оладиме – одвнатре
Пијте нане како ладен чај со лимон, земете го во форма на додатоци на кој било пијалок или направете течен спреј за телото што ќе ви даде моментално олеснување.
Камилицата како ладен чај со лимон може да нè освежи и да ни ја врати силата. Исто така постои и масло од камилица кое можете да го користите за кожата бидејќи ублажува егзема, осип, артритис и болки во грбот.
Розата може да ја користите во ароматерапија, розова вода или како миризлив чај. Розата обезбедува чувство на свежина.
Можете да користите и лаванда во ароматерапија, за бањи или како мал додаток на ладен пијалок.
Цветовите од хибискус се користат за чај, но можат да бидат и состојка на десерти, џемови или салати и со тоа да ни дадат дополнително чувство на свежина.