Во патната торба, подгответе ги овие три додатоци кои ќе ви бидат потребни за на плажа, но и за вечерни прошетки покрај морето
Сигурни сме дека веќе ги подготвивте најважните работи на вашата листа за патувања – бикини, пешкир за плажа, лесна гардероба… Сега е време за малите детали, а овој пат фокусот ни е на додатоците за коса.
Тие се практични, а благодарение на нив секогаш можете да изгледате шик и кул.
Големи шноли
Тие беа многу популарни во текот на деведесеттите години, а сега повторно се вратија. Направете пунџа или само соберете ја косата, ставете шнола и – тоа е тоа!
Марами
Тие се попрактични за патување отколку сламените шешири, одлично се комбинираат со фустани, и овозможуваат шик изглед.
Траки
Ја тргаат косата од лицето, поудобна замена за венчињата, а ги има во најразлични материјали и дезени.