Според странските медиуми, спрејот бил тестиран во лабораториите во Америка и Велика Британија и покажал ефикасност од 99,99 проценти.
Новиот спреј наводно убива 99,99 проценти од честичките на вирусот, покажуваат новите истражувања, како што пренесуваат странските медиуми.
Канадската компанија SaNOtize разви спреј за нос за кој тие тврдат дека го убива вирусот во горниот респираторен систем и го спречува неговото спуштање до белите дробови.
Според странските медиуми, спрејот бил тестиран во лабораториите во Америка и Велика Британија и покажал ефикасност од 99,99 проценти.
Кај пациенти третирани со овој спреј, беше забележано во првите 24 часа по примената на спрејот дека се убиени 95% од честичките на вирусот. За 72 часа од апликацијата, 99 проценти од честичките биле убиени.Тоа значи, тврдат од оваа компанија, дека овој спреј може ефикасно да спречи пренесување на вирусот и дека може да го скрати заболувањето на оние кои се веќе заразени.
Д-р Стивен Винчестер, кој го предводеше истражувањето на овој спреј во Велика Британија, за „The Sun“ вели дека тој „очекува дека ова ќе биде голем чекор во борбата против вирусот и дека ова може да биде револуционерно откритие“.