Марија Борало е дадилка на децата од британскиот двор и една од најблиските соработници на војводата и војвотката од Кембриџ.
Се школувала на престижен универзитет наменет токму за образование на високо квалификувани дадилки. Како дел од нејзиниот тренинг, таа добила строги упатства кога станува збор за грижата за кралските деца. Така, меѓу другото, таа научила дека никогаш не треба да им се обраќа со зборот „деца“, туку секогаш треба да им се обраќаат со нивното име.
– Така се покажува почит кон децата – рече Луиз Херен, авторка на книга за кралското семејство, и додаде дека во исклучителни ситуации, дадилките можат да им се обратат на кралските деца со зборот анг. “children”, што буквално значи исто како и анг. “kids”, но тоа е повеќе официјално.
Марија можеби изгледа малку застрашувачки со својата кафеава униформа, капа и бели ракавици, но среќата со децата е најважниот дел од воспитувањето.
Времето за спиење за кралските деца започнува во 19 часот, откри Луиз, а на секои неколку дена се воведуваат нови јадења и вкусови. Исто така, времето за игра секогаш се одвива надвор – без разлика дали врне или има сонце.
– Многу возење велосипед, играње со своите кучиња, градинарство… Норланд сака да ги учи децата преку игра – додаде Луиз.