Овошни корпички: Пробајте, се прават брзо и лесно (РЕЦЕПТ)

popara21 август, 20211min0
aa1488403bfedf6ee74c65f0244c0cbad46b8e83

Овошните корпички се едно од омилените колачиња кои често се порачуваат од слаткарниците.

Зошто да не се обидете сами да си направите овошни корпички?

Состојки за тестото:

  • 220 гр брашно
  • 80 гр путер
  • 60 гр шеќер во прав
  • Јајце
  • малку сол

За крем:

  • 250 мл млеко
  • 250 гр крем сирење
  • 100 мл слатка павлака
  • 100 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • пудинг од ванила
  • 200 гр малини или вишни

Подготовка:

Изматете го јајцето со шеќерот во прав. Додадете сол, брашно и ладен путер, а потоа замесете тесто. Оставете го да отстои во фрижидер еден час, потоа притиснете го тестото во калапите и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути. Во меѓувреме, направете го филот. Истурете млеко и шеќер во тенџере и оставете да зоврие. Додадете го пудингот измешан во малку ладно млеко и соединете. Кога пудингот малку ќе се излади, додадете го путерот и добро измешајте.

Изматете ја слатката павлака во шлаг со миксер, додадете крем сирење и мешајте додека не добиете пенеста маса, а потоа измешајте сѐ со пудингот. Наполнете ги ладните корпички со подготвениот фил и над него наредете малини или друго овошје по ваш избор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma