ПАЛАТАТА ГО ТРГА ПРИНЦОТ ЏОРЏ ОД ЈАВНОСТА: Во Британија кружат ужасни коментари, а семејството ќе направи се за да го заштити!

popara16 јули, 20211min0
254181_profimedia0618689381_ls

Малиот принц Џорџ ги освои срцата на Англичаните кога во неделата се појави на последниот натпревар на Европското првенство. Принцот навистина се радуваше на првиот гол, ги прегрна своите родители и скокна, а крајот на играта и поразот на Англија му го скрши срцето.

Иако заработи милиони фанови заради неговите искрени емоции, момчето во моментов се соочува со жестоки критики на социјалните мрежи и исмејување затоа што на натпреварот бил во костум.

Роберт Џобсон, експерт за кралското семејство, верува дека палатата привремено ќе го отстрани малиот принц од јавноста поради троловите кои го исмеваат, со цел да го заштити.

На социјалните мрежи има многу „хејтерски“ коментари за седумгодишното дете.

„Се надевам дека ќе ја натопи оваа вратоврска со солзи“, „Ова дете треба да биде истепано, само така ќе напредува“ и слични коментари се појавија на Интернет. Коментарите ја згрозија британската јавност.

Малиот Џорџ го молеше тато Вилијам да го однесе на играта и да се облечат исто.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma