Памела Андерсон објасни зошто веганите се подобри љубовници: Дали се согласувате со нејзиниот став?

17 јануари, 2021
pamela-anderson-830x0

– Можете да го подобрите целокупното здравје и да ја зголемите издржливоста во спалната соба со тоа што ќе преминете во веганси – напиша Памела

Памела Андерсон е една од оние кои поддржуваат веганска исхрана. Светската секс-бомба објасни во нејзините твитови зошто веганите се подобри љsубовници од останатите.

– Веганите стануваат подобри љубовници. Холестеролот во месото, јајцата и млечните производи предизвикуваат стврднување на артериите (и не многу повеќе). Го забавува протокот на крв во сите телесни органи, не само во срцето. Можете да го подобрите целокупното здравје и да ја зголемите издржливоста во спалната соба со станување веган – напиша Памела и додаде:

– Здравото тело е секси тело, а јадењето месо НЕ е здраво. Поврзано е со срцеви заболувања, дијабетес, мозочен удар и дебелина – главните причини за еректилна дисфункција – вели Памела и продолжува:

– Преминување во вегани може да им помогне на мажите од сите возрасти да ги зголемат своите сексуални перформанси и истовремено да го намали ризикот од рак на простата – напиша таа, додавајќи:

– Никој не треба да јаде месо, бидејќи можеме да добиеме се што е потребно од здрава, веганска исхрана – истакнува Андерсон.

– Секоја личност која преминува во вегани спасува повеќе од 200 животни секоја година – заклучува Памела.