Македонија – земја на многу работи, најмногу на апсурди! Повеќе има грижа за домашните миленици и кучињата скитници, отколку за луѓето… Особено ако се работи за некој кој е на улица, без дом, приходи, никој свој, напуштен, сам, гладен и болен со длабоко нарушено здравје… Едноставно бездомник во тешка материјална и здравствена состојба.
Токму едно такво лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош… Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки… Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот.
додека институциите на „системот во распаѓање“ никаде ги нема, за подоцна веројатно како по обичај во медиумите да почнат да си ја префрлат топката, чија надлежност и одговорност била човекот да се згрижи и да му се помогнем, естрадата уште еднаш прва посегна да помогне.
Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“ туку пред се’ хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. И додека додека власта и системот одново потврдија колку се „трули и распаднати“ двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба бездомното лице.
Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ. Потоа премиерот како по навика, веројатно одново ќе тврди дека „прозивките за оставки“ се… баналност?!
Преземено од vistina.com.mk