Панчо и Андреј по „сите патишта“ на хуманоста… и по нешто по пат (ФОТО)

12 октомври, 2021
pp

Андреј и Панчо, македонските естрадни уметници кои го сочинуваат ар ен би дуото ДНК, оддамна станаа познати не само по своите песни, хитови и спотови, туку и по нешто што нема врска со музиката и естрадата, туку со човачноста и хуманоста.

Покрај се’ што направија на македонската музичка сцена, во нивната ДНК очигледно е всадена емпатијата, добрината, сочувството, но и потребата за акција, да се прискокне и помогне, да се агитира, апелира, донира, подели, дарува…Онолку колку што се може, таму и на оние, на кои тоа им е најпотребно. Најчесто, за здравје или елементарни услови за живот, за гола егзистенција.

Обајцата досега безброј пати тоа го докажале, а сега уште еднаш на дело го покажаа.

Имено, откако дента во медиумите осамна сторијата за  петчленото семејство Јакимови, веќе следниот ден Андреј и Панчо  „сите патишта“  ги водеа од село Ерџелија, светиниколско. Отида да го посетат и колку што е можно помогнат ова социјално загрозено семејство, чии членови живеат во субстандардни услови, во трошната куќарка која за жал е речиси пред распаѓање.

“…Не пречекаа навистина убаво како што доликува на една хармонична фамилија, но со тажна насмевка. Живеат во едно мало собче заедно со нивните три прекрасни дечиња ( Бојана 14 години, Давид 13, Викторија 10 год. ) кои за жал, не можат да имаат детство како секое нормално дете и за жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 ) Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да и понудат работа или пак да ја вратат во фабриката Мик Свети Николе, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија но самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор. Голема благодарност до нашите пријатели Жито Маркети кои секогаш без проблем одговараат на нашите хуманитарни акции. Сите заслужуваат подобар живот, а заедно сплотени сме секогаш посилни.
Во наше и во името на Стојче би ве замолиле да ја раширите и споделите приказната се со цел да стаса до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат. Ваши Панчо и Андреј“ – го споделија својот апел ДНК на социјалните мрежи, покрај фотографиите од посетата на семејството.

И за да не биде сликата само тажна, а приказната депресивна, ар ен би ѕвездите како и секогаш решија да се пошегуваат, секако, на своја сметка, колку за да го разубават денот. И себе си и на сите останати.

И ако „сите патишта“ на хуманоста тој ден Панчо и Андреј ги водеа во село Ергелија, на враќање имаше нешто што остана и за по пат.

Можеби не е за во медиуми, ама не е пак и ништо што е страшно, срамно или катастрофално…

До душа ќе беше, да не застанеа крај патот, каде физолошката потреба позната како „мала нужда“, Андреј ја обави „хируршки пецизно“ на најеколошки можен начин.

Ем уметникот олеснет, ем зеленилото повеќе нема да го јадат бубачки! Патем, чинот овековечен од колегата, а ликот на чинителот… блажен!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi