Pantone бојата за 2022-ра година е ‘Very Peri’

popara14 декември, 20211min00
Lady-Gaga

Инспирирана од цветот на малото зимзелено, новата Pantone боја на годината е сино-виолетова ’periwinkle’. Но, инспирацијата не доаѓа само од природата, туку и од видео игрите – и го отсликува светот околу нас и ги предвидува идните трендови.

„Живееме во време на трансформација. Како што излегуваме од интензивен период на изолација, нашите стандарди се менуваат. Безгрижна самодоверба и смела љубопитност што го поттикнува нашиот креативен дух и ни помага да ја прифатиме променетата перспектива на можности, отворајќи ни за нов наратив на нашите животи. Very Peri ја претставува иднината пред нас во ново светло“, веруваат тие во Пантоне.

Periwinkle

PANTONE 17-3938 Very Peri, е динамично сино со црвени подтонови, а веќе можевме да го забележиме во колекциите за пролет/лето 2022 од дизајнери како Valentino, Lanvin, Isabel Marant… и не се сомневаме дека ќе ја видиме оваа боја не само во модата, туку и во ентериерите и трендовите за убавина следната година.

 Valentino - Profimedia

 Lanvin

 Lanvin - Profimedia

 Isabel Marant - Profimedia

 Isabel Marant

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma