Парис Хилтон ќе оди на Ин Витро оплодување! Богаташката сака да стане мајка: “Беше тешко, но вредеше!”

31 јануари, 2021
2447913_profimedia0586702679_ls-s

Познатата наследничка на империјата „Хилтон“, Парис Хилтон планира да основа семејство.

Имено, таа заедно со својот свршеник Картер Реум се одлучија за процесот на ин витро оплодување.

Како што откри во едно интервју, таа се решила на тој чекор за да ја осигура својата желба да има близнаци, девојче и момче.

„Одлучивме да го сториме тоа затоа што така можам да добијам близнаци“, рече таа.

Беше тешко, но знам дека вредеше. Јас го направив тоа неколку пати, а полесно е со партнер кој ме поддржува и ме прави да се чувствувам како принцеза – потенцира таа.

Таа го нарекува своето момче „момче од соништата“ и тврди дека е 100 процентна сигурна дека тој е идеален за неа.

Навистина сум среќен што се одлучивме за овој важен чекор. Верувам дека да се има семејство и деца е смислата на животот – заклучи таа за странските медиуми.