ПАРИС ХИЛТОН СОСТАВИ ЛИСТА НА СВАДБЕНИ ПОДАРОЦИ: Богатата наследничка сака да добие подароци во вредност од 50.000 ЕВРА за свадба!

24 октомври, 2021
2660595_profimediaparis-hilton-2_ls

Парис Хилтон има огромно богатство, но се чини дека има уште некои работи кои би сакала да ги добие на подарок. Имено, таа состави листа на свадбени подароци кои сака да ги добие од гостите.

Paris Hilton

Подароците ќе треба да го задоволат нејзиниот инстенчен вкус, па на листата се наоѓаат подароци вредни повеќе од 50.000 евра. Меѓу другото, на списокот има кристални предмети за домот, како и сребрена рамка за слика вредна повеќе од 2.600 евра, потоа скап свеќник во форма на светилка кој чини околу 1.000 евра, како и кристална фигура од мечка вредна повеќе од 300 евра.

Paris Hilton, Karter Reum

Богатата наследничка сака да ја опреми својата кујна со послужавник од орев од 800 евра, кристален сталак за кавијар кој чини 850 евра, како и чаша за шампањ „Бакарат“ вредна повеќе од 800 евра.

На нејзината листа се и осум „Хермес“нсетови за јадење „Mosaique Au 24 Platinium“, кои вкупно вредат повеќе од 6.000 евра, пренесува „Е! Онлајн“.

Да се потсетиме, Парис Хилтон и бизнисменот Кратер Реум се свршија во февруари по една година врска, а Реум ја запроси Парис на приватен остров давајќи и скап дијамантски прстен со смарагд детали. Парот претходно истакна дека свадбените веселби ќе траат три дена, а невестата ќе има дури 10 фустани.

Paris Hilton, Karter Reum