Кога сте во долга врска, сексот станува рутина и го правите тоа набрзина, и затоа заборавете како изгледа сексот што вклучува нежност и емоции. Ако навистина се вклучите, забавите и се предадете, чувствата ќе го направат своето и сексот ќе биде многу подобар.
Во долги врски, сексот често се сведува на оној брзинскиот, а потоа забораваме како изгледа вистинскиот секс проткаен со нежност и емоции. Научниците неодамна го истражуваа терминот „бавен секс“, велејќи дека е идеален за брачните партнери.
Потребно е многу време за него, а крајната цел не е да се постигне оргазам. Се работи за многу возбуда и длабоки чувства кон партнерот.
ПРВА ФАЗА
Како што сугерира името, овој тип на секс се базира на бавноста. Откривајте го телото на вашиот партнер одново и одново и избегнувајте техники и редовни движења на рацете.
Започнете со нежни бакнежи, бидејќи суштината на овој секс е предиграта. Галете ги сите делови од телото, не фокусирајќи се само на гениталиите.
Разговорот е исто така добредојден, само без замор и напнатост. Времетраењето на сексот зависи од вас, може да биде две или 12 минути. Важно е да одвоите време колку што ви треба за да се чувствувате добро.
ВТОРА ФАЗА
Полека зголемете ја возбудата. Се што им пружа на партнерите добро чувство е дозволено. Забрането е да се дојде до пенетрација во оваа фаза. Мажите честопати имаат проблеми во оваа фаза, бидејќи доживуваат оргазам поради неконтролираност. Важно е да научите да го одложувате оргазмот.
Во оваа фаза, истражете ги сите ерогени зони и уживајте во контактот. Запомнете, се уште не е време за пенетрација.
ТРЕТА ФАЗА
Само кога желбата е на врвот доволно долго, можете да пристапите кон пенетрацијата. Во оваа фаза, запрете го секој момент, навистина почувствувајте го тоа друго тело што е до вас, во секое движење, во секој допир, уживајте во сензациите, кои се многу поинтензивни кога сме посвесни, и на крај оргазмот…