ПАРОВИТЕ КОИ ИМАТ ОДЛИЧЕН СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ ГО ПРАВАТ ОВА СЕКОЈ ДЕН: Сексолог ја откри тајната – едноставно е, секој може!

popara9 септември, 20211min0
seks

Сексолог и терапевт за парови ја открива тајната на паровите кои имаат одличен сексуален живот.

Кога врската излегува од фазата на меден месец и кога паровите влегуваат во рутина, тоа честопати влијае и на нивниот сексуален живот. Страстите истекуваат, сексот секогаш се случува на ист начин, а понекогаш и во исто време (во текот на месецот или неделата).

Повеќето парови порано или подоцна доаѓаат до тоа, а терапевтот за парови и сексолог Аисаја Мекими открива дека тајната на паровите кои имаат одличен сексуален живот и по фазата на меден месец е во работите што ги прават секој ден – и немаат никаква врска со спалната соба.

Велат „те сакам“

Звучи едноставно, но често се заборава кога ќе ве притиснат секојдневните обврски. Изразувањето љубов и покажувањето на партнерот дека цените се што прави за вас, може да направи голема разлика во вашата поврзаност и интимност.

Се бакнуваат без причина

Кога страста во врската ќе исчезне, двојките имаат се помалку физички контакти и се бакнуваат се помалку.

Страсните бакнежи, кои траат најмалку шест секунди, ослободуваат неврохемикалии кои ви помагаат да се чувствувате блиски и поврзани со вашиот партнер.

Интимноста е приоритет

Добриот секс не се случува сам по себе. Паровите кои имаат одличен сексуален живот ја ставаат интимноста како приоритет, што значи дека прифаќаат дека сексот е важен дел од врската и издвојуваат време за тоа, наместо да чекаат да се случи сам од себе.

На некои парови им помага да одредат време за „состанок во спалната соба“, кога знаат дека нема да бидат премногу уморни.

Одржуваат сексуална разновидност

Важно е да се обидете да не заглавите во сексуалната рутина бидејќи тоа на крајот ќе ја убие желбата за секс и уживањето во чинот. Не мора да правите ништо што и на двајцата не ви се допаѓа, но понекогаш обидете се да ја смените позицијата во која имате секс, да ја смените предиграта, местото каде што имате односи, да ставите секс играчка во креветот или да направите нешто што инаку не го правите…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma