Ако сакате да одите на пат со домашно милениче, треба да знаете дека ќе ви треба малку повеќе планирање за тоа.
За тоа да биде одлично искуство, следете ги овие упатства.
Патување со домашно милениче
Пред планирање на патувањето, задолжително посетете го ветеринарот каде што обично го носите вашето домашно милениче. Ако има некој здравствен проблем, тој веројатно ќе ве посоветува да го оставите во хотел за кучиња. Во зависност од дестинацијата каде што одите, дури и на здраво домашно милениче можеби ќе му требаат дополнителни вакцини или здравствено уверение пред да отидете.
Начини на патување со домашно милениче
Иако патувањето со авион е често поскапа опција, тоа понекогаш е најдобриот избор. Никој не го познава вашето домашно милениче подобро од вас, така што ќе можете најдобро да процените што е најдобро за него. Автомобил или авион? Одлуката зависи од вас.
Како да патувате со домашно милениче?
Ако патувате со автомобил или воз, вашето домашно милениче може да ужива да седи во скут или на некое меко ќебе на седиштето. Сепак, патувањето со авион е посложено, затоа што тогаш важат посебни правила за димензиите, тежината и материјалите предвидени за транспортерите на миленичиња.
Доколку патувате со автомобил, правете почести паузи за да им олесните на милениците и малку да се протегнат малку. Постојат различни правила во авионот што треба да ги следите, а тие се однесуваат на вршењето нужда и хранењето.
Што треба да содржи торбата за миленичиња?
Поводник
Голема залиха со храна и вода
Посластици
Вреќи за отстранување отпад
Играчки
Лекови
Четка и прибор за нега
Креветче и ќебе
Документација за домашни миленици
Како и луѓето и домашните миленици, мора да имаат пасош или некој друг вид личен документ. Не е исклучено исплашеното и дезориентирано животно да се обиде да избега, а тоа може да се случи и на фрекфентни улици или големи паркинзи.
Мачката или кучето мора да бидат чипирани, а информациите секогаш мора да се ажурираат. Би било добро миленичето да патува со ланче и ознака на која го пишува вашиот телефонски број, во случај да се изгуби.