ПЧЕНКА ДИЕТА: Оваа диета ги зајакнува белите дробови и чисти од токсини! (МЕНИ)

popara10 октомври, 20213min0
259821_shutterstock-314163662_ls

На листата на Институтот за истражување храна „Норвич“, слатката пченка е на прво место како храна што го штити овој орган и е моќен антиоксиданс.

Почетокот на сезоната на респираторни инфекции и пандемии на ковид, бара дополнителна претпазливост во одржувањето на здравјето на белите дробови. Покрај физичката активност и што почестото излегување на свеж воздух, експертите велат дека исхраната е исто така многу важна за зајакнување на функцијата на овој витален орган.

Истражувањата покажаа дека одредена храна може да помогне во заштита на белите дробови, па дури и да ги намали можните оштетувања и симптоми на болест.

Со мудар избор на храна, голема количина катран и токсини акумулирани со долгорочно пушење може да се исфрлат од белите дробови. Покрај тоа, одредена храна ќе го намали ризикот од инфекција и рак на дишните патишта.

На листата составена од тим британски експерти од Институтот за истражување храна „Норвич“, слатката пченка е на прво место како храна што ги штити белите дробови од рак, бидејќи е моќен антиоксиданс.

Понеделник

Појадок: слатка пченка зачинета со сланина и кисело млеко

Ручек: супа од домати, грашок со пилешко, салата од зелка

Вечера: пита од тиква и неколку бразилски ореви

Bundevara, Pita od bundeve

Вторник

Појадок: слатка пченка со лажица кисела павлака и ситно сечкана печеница

Ручек: варена леќа и салата од свежо рендана репка, зачинета со маслиново масло

Вечера: интегрални тестенини во сос од домати со урда

Среда

Појадок: омлет со праз

Ручек: бела чорба од пилешко, пашканат и компири, и динстано говедско со рен

Вечера: пилешки гради на скара и зелка салата

omlet sa prazilukom

Четврток

Појадок: салата од слатка пченка, свежи пиперки, црвен кромид и црвен грав

Ручек: мусака од тиквички со мелено говедско и салата од цвекло

Вечера: чорба со зеленчук по ваш избор

Петок

Појадок: палента со сланина и сусам, кисело млеко

Ручек: боранија со месо, зелка салата

Вечера: сардина со кромид

Сабота

Појадок: палента со јогурт

Ручек: ориз со зеленчук и месо по ваш избор

Вечера: интегрален леб со хумус, мисиркини гради, јогурт

Недела

Појадок: пченка и кисело млеко

Ручек: супа од компири и салата од цвекло

Вечера: тост со домашно сирење и јајца, пиперки и домати

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma