Актерката Пенелопе Круз се појави на затворањето на 59 -от Филмски фестивал во Њујорк во мал црн фустан и ги маѓепса сите присутни.
Убавата актерка Пенелопе Круз заблеска во едноставен црн фустан што би и се допаднала на секоја жена.
Со природна шминка, висечки обетки и дијамантска нараквица, оскаровката искомбинира црн фустан со светки и мрежест топ, кој имаше разиграно, асиметрично тул здолниште на дното, подолго одзади отколку напред.