Петтиот брак на пливачот „ги усвити“ социјалните мрежи: Знаете ли што им е заедничко на Александар Маленко и Емилија Розман?

popara15 октомври, 20214min0
malenko

Петтиот по ред брак на Александар Маленко со словенечката инструкторка по пливање и терапевт за масажа во Марибор, 42 годишната Метка Спаравец ја разбранува јавноста, која пак ги „запaли“ социјалните мрежи до усвитување. Во дождливото есенско предизборие, новата брачна авантура на некогашниот македоннски пливачки шампион од Охрид и спортистката на годината за 1999 година во Словенија,  покренаа уште една дилема: Кој е „брачен шампион“  и во кои тоа „брачни дисциплини“ во Македонија?

Се разбира, откако претходно социјалните мрежи не споделија илјада и еден шеговит пост или твит на сметка на најдобриот пливач на сите времиња во „брачните води“, ама на куси патеки!

Коментираа(т)  сите, со текст или слика, на Фејсбук или Твитер… Од обични луѓе, до познати и јавни личности…

Постови и твитови – безброј, а меѓу нив, како што споменавме  и на некои од познатите, како водителот на „Јади бурек“ , Јанко Илковски, на пример…

…Или познатата македонска мисица, манекенка и модел, Емилија Розман, која „брачната петтка“ на Маленко, ја искористи да се пошегува и на своја сметка:

Кога сме веќе кај неа, дали знаете што им е заедничко на Александар Маленко и Емилија Розман? Претпоставувате, одговорот лежи во  „нешто околу бракот“ и во право сте.

Засега тие се македонски „брачни шампиони“, барем кога се јавните и познати личности во Македонија во прашање. „Спортот“ е  ист – „пливање во брачни води“, само „дисциплината“ им е различна. Тој во број на бракови, таа во времетраење на бракот. Се мажеле и разведувале многумина од нашите познати фаци, некои и по неколку пати, на други пак бракот не им потраал долго, ама овие двајца се дефинитивно – македонски „брачни рекордери“!

Имено, Маленко е македонски шампион на долги стази во краток рок, или што би рекле според бројот на склучени бракови, а Розман е шампионка во должината на траење на еден брак. Пливачот до сега пет пати застанал пред матичар, а мисицата  „спринтерски“  протрча низ бракот кој и траеше едвај 15-ина дена.

Токму затоа, засега тие двајца го делат „брачниот трон“  кој најмногу пати за пред олтар или за најбрз развод е шампион!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma