Пица сендвичи од стар леб, готови за 20 минути: Доручек кој ќе го поправи секое тмурно утро!

popara29 август, 20211min0
shutterstock304980746-830x0

Кога ќе ви остане стар леб, наместо да го фрлите, подгответе оброк за целото семејство. Рецептот за сендвичи со пица е едноставен, и веројатно веќе ги имате повеќето состојки во кујната.

Децата ќе ги обожаваат затоа што се комбинација од нивните две омилени јадења – пица и сендвичи.

Состојки:

8 кришки леб
100гр кашкавал
200гр шунка или печеница
оригано
8 лажици кечап
масло за подмачкување

Подготовка:

Изрендајте го сирењето на големо ренде. Исечете го лебот на кришки, па наредете ги во претходно намастена тава. Секое парче премачкајте го со кечап, потоа ставете шунка или печеница одозгора, потоа сирење и оригано.

Ставете ја тавата во загреана рерна и печете на 180 степени 15 минути.

Послужете го топло.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma