ПИЦА СО ТАЈНИ СОСТОЈКИ! Подготвена на овој начин, веднаш ќе исчезне од вашата маса РЕЦЕПТ

popara29 октомври, 20211min00
7c1892ab465096c50009378f4bfd8b47

Дали некогаш сте пробале пица со модар патлиџан? Ако не сте, еве идеална можност

СОСТОЈКИ:

  • еден модар патлиџан
  • 400 гр излупени и сечкани домати
  • 30 гр рендан пармезан
  • 50 гр моцарела
  • три чешниња лук
  • лажица сол
  • три лажици маслиново масло
  • лажичка оригано
  • 10 листови босилек

ПОДГОТОВКА:

Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на кругови со дебелина од два сантиметри. Ставете ги на хартиени крпи, посолете ги од двете страни и почекајте хартијата да го впие вишокот течност. Исечкајте го лукот и пржете го во две лажици маслиново масло.

Додадете домат и оригано, повремено промешајте со вилушка и варете додека не се згусне. Исцедените кругови од модар патлиџан наредете ги на подмачкан плех, посипете ги со оригано и прелијте со малку маслиново масло.

Се пече околу дваесет минути во загреана рерна на 200 степени. Во меѓувреме измешајте ги пармезанот и моцарелата и исечкајте ги листовите свеж босилек. Извадете ги модрите патлиџани од рерна, а потоа на секоја ролна ставете по една лажица доматен сос, босилек и мешавина од сирење.

Се пече во рерна додека кашкавалот не се растопи и добие златна боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma