Прсти да излижеш: Маринирани пилешки ражничи (РЕЦЕПТ)

popara1 декември, 20211min00
Screenshot_3

Здрава комбинација на пилешко месо богато со протеини и мед, е идеален избор за здрав ручек, кој можете да го подготвите со вашиот омилен гарнир.

Состојќи:

• 60мл масло

• 80мл мед

• 80мл соја сос

• прстофат бибер

• 4 пилешки филети исецкани на коцки

• 2 чешниња лук

• 3 црвени кромиди сецкани на парчиња за ражнич

• 2 црвени пиперки сецкани на парчиња за ражнич

*Зеленчук по жеба

Подготовка:

Во сад заедно измешајте масло, мед, соја сос и бибер. Пред да го ставите пилешкото во маринадата, одделете мала количина сос настрана за да ги премачкате ражничите на самиот крај. Во остатокот од маринадата додатете ги месото, лукот, биберот и црвениот кромид и оставете ги да отстојат во фрижидер  2 часа.

Пилешкото и зеленчукот исцедете ги од маринадата и ставете ги на стапчиња за ражничи. Подмачкајте ја тепсијата и печете ги ражничите 15-20 минути, а откако ќе бидат готови, уште еднаш премачкајте ги со маринадата и уживајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma