ПИЛЕШКО ОД РЕРНА СО ТИКВИЧКИ И ПЕЧУРКИ! Рецепт што ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

20 август, 2021
469245_piletina_f

Овој сочен и кремаст оброк се состои од тиквички, пилешко и печурки. Се што треба да направите е да го пропржите зеленчукот и да наредите ред месо, потоа зеленчукот и на крајот сирењето, кое кога ќе се стопи дава дополнителен шмек.

Состојки:

800 гр пилешко филе

200 гр печурки

250 гр тиквички

200 гр тврдо сирење

50 гр крем сирење

Свеж магдонос

150 гр моцарела

Подготовка:

Исечете го пилешкото на поголеми парчиња, па наредете го во намастена тава. Покријте го дното, а потоа додадете сол и бибер. Исечкајте ги печурките и тиквичките, а потоа испржете ги. Истурете го зеленчукот во сад, додадете сол и бибер, додадете рендано тврдо сирење, сецкан магдонос и крем сирење. Наредете еден ред месо, па зеленчукот и на крај сирењето. Последниот слој треба да биде зеленчук. Најгоре ставете ја ренданата моцарела и печете во рерна на 180 ° C околу 25 минути.

Пријатно!

escort - Korsan taksi