Бидејќи носеше многу краток фустан, ветрот не „работеше“ во нејзина корист
Американската пејачка Кети Пери и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум, беа фатени на одмор во Венеција, а по тој повод, Кети доживеа сличен момент како и Мерилин Монро во минатото.
Имено, пејачката која доби Греми поминува квалитетно време со својот вереник, а со оглед на тоа што носеше многу краток фустан, ветрот не „работеше“ во нејзина корист.
Среќната двојка е сликана како излегува од хотел во Венеција без ќерката Дејзи Дау Блум за да помине време со синот на Орландо, Флин, кој го доби во бракот со манекенката Миранда Кер.
Кети беше видена во краток жолт цветен фустан, а во еден момент кога ветрот дуваше малку посилно, фустанот се крена и и ги откри задникот.
За среќа, таа носеше долна облека што покриваше сè, па не беше направена поголема „штета“, а минувачите не видоа ништо.
Да се потсетиме, пејачката, која минатото лето ја дочека својата ќерка Дејзи со вереникот Орландо Блум (44), одлучи дека бричењето на нозете по раѓањето на бебето веќе не е на нејзината листа на приоритети.
Имено, во една епизода на „Американски идол“, каде што е член на жирито, и рече нешто на натпреварувачката Касандра Колман што шокираше многумина.
– Вашиот глас е духовно искуство. Тој е од друг свет, ангелски е. Како нова мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се дигнаа за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Беше неверојатно – рече Кети Пери.