Пире од тиквички, ароматично и кремасто како путер: Рецепт за лесен летен ручек

popara9 август, 20211min0
pire-od-tikvica-830x0

Тиквичките се омилен летен зеленчук, бидејќи можат да се спремат на многу начини. Тие се вкусни дури и ако се полнети со месо и ориз, и ако се полнети со друг зеленчук, во форма на мусака или крофни, скара…

Во жешките летни денови, ништо нема поубаво од лесен оброк, а едно од тие е пирето од тиквички. Се подготвува брзо, состојките не се скапи, а вкусот е фантастичен благодарение на зачинот и сирењето.

Состојки:

килограм тиквички
малку масло
100 грама кашкавал
зачини по избор
сол, бибер

Подготовка:

Исчистете ги тиквичките и исечете ги на парчиња. Истурете малку масло, 100 милилитри вода во тавата, потоа додадете ги тиквичките, покријте ја тавата и оставете ги тиквичките да се динстаат максимум 10 минути на средна топлина.

Потоа истурете го вишокот вода, префрлете ги тиквичките во друг сад, додадете ситно исечкан копар, сол и бибер и изгмечете ги со вилушка или измешајте со стап миксер.

Додадете 100 грама рендан кашкавал, добро измешајте го пирето и сервирајте додека е топло.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma