Бебето е родено со помош на сурогат мајка
Актерката Амбер Херд на Инстаграм откри дека има бебе.
“Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го сторам тоа под мои услови”, напиша таа, откривајќи дека својата ќерка ја нарекла Онај Пејџ.
„Таа е почеток на остатокот од мојот живот“, напиша таа во објавата.
Извори блиски до актерката за Пејџ Сикс откриле дека нејзиното бебе е родено од сурогат мајка откако актерката открила дека не може да раѓа.
“Таа секогаш сакаше да стане мајка и сега и се исполни најголемата желба. Таа е многу благодарна на прекрасната жена која и помогна бебето да дојде на свет”, вели изворот.
Иако Амбер само што ја откри веста, девојчето е родено на 9 април.
Веста доаѓа по измачувачкиот развод со Џони Деп, со кого се влечеше на суд со години откако го обвини за злоставување.
Амбер и Џони беа во брак од 2015 до 2017 година.