По помалку од две години брак: ќерката на Лени Кравиц поднесе барање за развод

3 јануари, 2021
1381401

Според американскиот таблоид Page Six, 32-годишната американска актерка Зои Кравиц неодамна поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Карл Глусман по две години брак

Веста за разводот по помалку од две години брак за медиумите ја потврди портпаролот на ќерката на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет.

Со 32-годишниот актер Карл Глусман, Зои Кравиц започна љубовна врска во 2016 година, која беше крунисана во јуни 2019 година со брак на интимна свадбена церемонија организирана во парискиот дом на нејзиниот славен татко, американскиот музичар Лени Кравиц.

Во текот на летните месеци од минатата година, Кравиц ја прослави својата прва годишнина од бракот објавувајќи црно-бела фотографија од себе и од Глусман на својот Instagram профил.

Снимањето на втората сезона на серијалот „High Fidelity“ според истоимениот филм, во кој таа ја имаше главната улога, беше откажано во август минатата година, но наскоро ќе ја видиме 32-годишната убавица во улогата на жена-мачка, во претстојниот филм на Мет Ривс за суперхеројот Бетмен.

escort - Korsan taksi