Се шпекулираше дека отсуството на Лилибет Дијана од списокот е одмазда на кралското семејство на избеганиот кралски пар
Само два дена откако сите светски медиуми објавија за пропустот на официјалната веб – страница на британското кралско семејство, дојде до пресврт. Седум недели по нејзиното раѓање, малата Лилибет Дијана беше ставена на списокот за наследување на престолот.
Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл беше сместена на осмото место, веднаш зад нејзиниот постар брат, двегодишниот Арчи, кој е на седмото место, и нејзиниот татко на шестото место.
Листата, како што налагаат нивните правила и закони, не ги вклучува Меган Маркл, ниту Кејт Мидлтон и други кралски „новодојденци“. Патем, списокот за наследување на престолот датира од 17 век, во времето на Вилијам III, а во 2013 година, беа направени промени со цел да се укине системот со кој машките наследници автоматски беа поставени над нивните сестри.
Во тоа време, се смени правилото според кое член на кралското семејство не може да ја задржи својата позиција на списокот ако се ожени со личност од римокатоличка вероисповед. Промените стапија на сила во март 2015 година, но тие се применија само за кралските деца родени по 28 октомври 2011 година.