Анџелина Џоли го прослави својот 46-ти роденден во петокот, а по тој повод децата ја изненадија со вечера во азискиот ресторан ТАО во Лос Анџелес. Холивудската актерка уживаше во деликатесите и релаксираната семејна атмосфера со Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (15) и 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
– Одлично се забавувале славејќи дома, а потоа вечерта децата ја изненадиле со специјална вечера – открил извор близок до Анџелина за американскиот Пипл.
– Моите деца се неверојатни! Јас сум таа што не планира ништо, но тие имаат тенденција да работат заедно за да ме изненадат со нешто, или за роденден или за Денот на мајката … Самото сознание дека прават нешто заедно, дека размислуваат за нешто заедно – секогаш ме допира и ме расплакува! И тогаш се шегуваат на моја сметка и ме задеваат затоа што солзите ми течат на секоја ситница. Не би поверувале колку пати плачам на ден! – неодамна рече Џоли.
Иако ковид пандемијата беше тешка за сите, актерката признава дека сепак уживала во квалитетното дружење со децата, со кои поминала неколку месеци во карантин.
И оваа изненадна роденденска вечера навистина ја задоволи, особено откако беше разочарана минатиот месец од судската одлука според која нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит (57), доби заедничко старателство над нивните деца, освен Медокс, кој повеќе не е малолетник.
Да потсетиме, Анџелина и Бред „војуваа“ околу децата уште од разводот во 2016 година – таа, всушност, се обиде да го задржи целосното старателство, а Пит беше обвинета за насилство врз тогаш 15-годишниот Медокс за време на летот со приватен авион од Франција до САД.
„Анџелина е длабоко разочарана од одлуката на судијата и никогаш нема да му прости на Бред, таа тешко се помирува со фактот дека треба да го дели старателството со него“, изјави извор близок до холивудската дива.