Кит Харингтон (34), кој го толкуваше ликот на Џон Сноу во серијата „Игра на престолот“, зборуваше за некои тешкотии за време на неговиот живот во еден подкаст
Имено, тој зборуваше менталното здравје и проблемите.
„Да бидам целосно искрен, морам да признаам дека имав проблеми со менталното здравје за време на снимањето“, рече Кит, додавајќи дека направил пауза по снимањето бидејќи сакал да се концентрира на себе.
– Мило ми е што го направив тоа – рече познатиот актер и продолжи со приказната.
– Тоа е поврзано со природата на самата серија, а јас тоа го правам со години – призна и нагласи дека серијата што се прикажуваше од 2011 до 2019 година, односно 8 сезони влијаеше врз неговото ментално здравје и дека му требало пауза.
– По „Игра на престолот“, зедов една година одмор, не сакав да работам и многу сум среќен поради тоа, а моето дете е директен резултат на серијата и никогаш нема да се срамам – рече Кит, кој во 2018 година се ожени со колешката од серијата, Роуз Лесли.
За проблемите на Кит се пишуваше во 2019 година, кога отиде на лекување поради алкохолизам и акумулиран стрес. Тој, исто така, рече дека е на добар пат во однос на закрепнувањето.
– Не можев да поднесам кога странци ми довикуваа нешто поврзано со серијата на улица. Тоа беше страшно. Тогаш имав турбулентен период – призна актерот.