Веројатно едно од најлошите чувства е да се разбудите уморни, без никаква енергија за да ги извршите сите работни задачи што ве чекаат во текот на денот
Меѓутоа, наместо да го одложите алармот за спиење „само уште пет минути“, или да пиете кафе на празен стомак за брзо да се разбудите, ви предлагаме да го направите токму спротивното.
Токму овие навики прават да се чувствувате уморно во текот на денот.
Одложување на алармот
Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „одложи“, ја нарушувате РЕМ фазата на спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано.
Покрај тоа, може да се успиете со одложувањето на алармот, што доведува до доцнење, неисполнување на работните обврски и договорени планови, што ќе ве направи мрзоволни и многу нервозни.
Покрај тоа што е пожелно да станете штом ќе заsвони алармот, експертите ве советуваат да се будите приближно во исто време секој ден, за да се разбудите со леснотија.
Излежување во кревет
Оние дополнителни пет минути излежување во кревет нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетус предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши.
Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа.
Ејми, исто така, тврди дека луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се исклучително среќни.
Првото утринско кафе
Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, пиењето веднаш по будењето може да има спротивен ефект.
Кофеинот го удвојува нивото на стрес хормоните и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.
Лекарите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадокот, и никогаш на празен стомак.