ПО ЗЛАТНИОТ ФУСТАН, УШТЕ ЕДЕН МОДЕН ПОГОДОК! Кејт Мидлтон има одлично ВИОЛЕТОВО ОДЕЛО што е како создадено за есенските денови (ФОТО)

popara30 септември, 202115min0
dc4f9ff05317fab69b139d07da783098ec9e1011

Војвотката од Кембриџ последните денови воодушевува со стајлингот.

Златниот фустан со потпис на дизајнерката Џени Пекам долго ќе го паметиме, а сега таа покажа одличен дневен стајлинг.

Модните експерти препорачуваат силни и смели бои за ладните и малку тмурни есенски денови, а Кејт Мидлтон има стајлинг кој може да послужи како одлична инспирација.

За обиколка на зоолошката градина Меги Кампус на Универзитетот Олстер со нејзиниот сопруг Вилијам, војвотката од Кембриџ уште еднаш воодушеви со нејзината ведра и весела личност. За време на посетата, таа дури држеше и галеше во раката тарантула која го носи името Шарлот, како нејзината ќерка.

Сепак, она што никој не можеше да го пропушти беше нејзиниот одличен стајлинг, кој вклучуваше елегантен, но во исто време многу лежерен костум со впечатлива виолетова боја. Дизајнот на панталоните со класичен крој и висок струк и соодветно сако е потпишан од омилената дизајнерка на Кејт, Емилија Викстед.

Стајлингот беше совршено заокружен со темните детали што војвотката ги носеше веќе неколку пати.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma