Пејачот на италијанската група Манескин, 22-годишниот Дамијан Давид, беше фатен од камерите за време на директниот пренос во чудна позиција над масата, а гледачите веднаш започнаа да пишуваат на социјалните мрежи дека се чини дека користи недозволени супстанции.
Наскоро, новинарите на победничката прес-конференција го замолија да го објасни моментот на што Дамијан им одговори дека не станува збор за дрога.
– Не користам дрога. Само собирав стакло, рече тој.
На Дамијан му се случи и една несреќа по објавувањето на победникот. Имено, во славеничката еуфорија му пукнаа панталоните, на незгодно место, на што го предупреди колешка од бендот. А како изгледаше, видете подолу.