Постојат и голем број разголени фотографии, па евидентно е дека Дамиано знае како да го сврти вниманието кон себе
Фронтменот на италијанската група „Манескин“, која ја освои победата на овогодинешната „Евровизија“, Дамиано Давид, со својот необичен изглед го привлече вниманието на целиот свет и го полуде женскиот пол, а не му одолеа ниту србинката Сања Вучиќ.
Препознатлив по неговиот стил, воведе тотално нов тренд, кој помладите генерации се чини дека го следат сè повеќе и повеќе. Сепак, сега тој го смени имиџот и ги шокираше сите.
Дамиано ја смени фризурата, ја потстрижа косата и ги изненади сите со промената.
– Освежување – напиша тој во описот на фотографијата, но докажа дека е сè уште откачен со следната објава на Инстаграм, на која се гледа како се тетовира себеси.
Постојат и голем број разголени фотографии, па евидентно е дека Дамиано знае како да го сврти вниманието кон себе.