Познатиот моден новинар, уредник и сопруг на познатиот дизајнер Том Форд, Ричард Бакли, почина на 72 -годишна возраст.
Ова го потврдија портпаролите на дизајнерот и тие посочија дека Ричард починал мирно дома во Лос Анџелес. До него беа Том и нивниот син Александар Џон кој гo добија со помош на сурогат мајка.
Двојката се запозна во 1986 година на модна ревија, а се венчаа во 2014 година.
Том честопати изјавуваше дека знае веднаш дека ќе го помине остатокот од животот со својоѕ сопруг. „Забележав некој сивокос човек да ме гледа со неговите прекрасни сини очи. Ме исплаши затоа што ја видов целата моја иднина во него“, рече тој во интервјуто.
Бакли беше моден новинар кој ја започна својата кариера во списанието Њујорк и продолжи со публикации во кои беа вклучени Women’s Wear Daily и Vanity Fair. Тој беше уредник на списанието „Мирабела“, соработник на италијанскиот „Vogue “ и главен уредник на „Vogue Hommes International“.